Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗАШТИТА ВО СЛУЧАЈ НА ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

ЗАШТИТА ВО СЛУЧАЈ НА ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

Во Скопје, од 21 до 25 септември 2026 година, се одржува петдневна обука на тема „Заштита во случај на повреда при работа“ (Employment Injury Protection), организирана од Меѓународниот центар за обука на Меѓународната организација на трудот – ITC-ILO, во рамките на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во С. Македонија“.

На обуката присуствуваат претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, претседателот на СГИП Иван Пешевски, претседателката на ССДМ Слаѓана Миливојевиќ и Елена Петрова од стручната служба на ССМ.

Во рамки на петдневната програма, предавања и презентации имаат Hiroshi Yamabana, виш специјалист на МОТ од Женева, Héctor Upegui, консултант, д-р Marie Jelenko, специјалист за превенција од AUVA – Австрија, д-р Diana Gagliardi, виш специјалист од INAIL – Италија, André Picard, виш специјалист на МОТ од Женева, и Félix Martin Daza.

Темите опфаќаат меѓународни стандарди за заштита при повреда при работа, системи за надоместок и медицинска грижа, превенција и безбедност и здравје при работа, системи за евидентирање и пријавување на несреќи и професионални болести, како и механизми за унапредување на институционалната координација и ефективен систем за осигурување во случај на повреда при работа.

ССМ продолжува активно да придонесува кон унапредување на работничките права, безбедноста и здравјето при работа и создавањето безбедна работна средина.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.