Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Ссм е најорганизирана структура меѓу социјалните партнери

 

Да се присуствува на стогодишен јубилеј е ретка прилика, но и чест за ССМ како наследник на целата таа епопеја, на организираната борба на работничката класа за подобрување на материјалните и работните услови, истакна во своето обраќање претседателот на Организацијата на работодавачи Димитар Стојановски, во својот говор на прославата на стогодишнината на синдикалното движење во ССМ.

Времето на минатото и времето денес сигурно не е исто. Но и организираната борба на работничката класа минувала низ разни турбуленции. Денес редици обврски на ССМ  произлегуваат од многу меѓународни конвенции и декларации за синдикалните права и слободи, се до позитивната законска регулатива и друга законска регулатива преточена во Уставот и редица други позитивни прописи кои ја регулираат социо – економската сфера. Затоа синдикалната борба го влече својот континуитет низ сиве овие години, се до денес.

Денес ССМ е најорганизирана структура во однос на другите социјални партнери, со своја логистика и вештина на реализација на своите статутарни обврски, рече меѓу другото Стојановски. Активностите се видливи. ССМ е главен столб на организираноста на работниците во стопанството и званичен потписник, заедно со ОРМ, на националниот Колективен договор за стопанството на РМ и веќе потпишани осум грански колективни договори, како и дел кои се во завршна фаза на договарање.

Со задоволство можеме да констатираме дека ССМ и ОРМ успешно го водат социјалниот дијалог во бипартитното договарање, што е реткост во другите земји, посебно во земјите кои не опкружуваат.

Но не можеме да се пофалиме со трипартитниот социјален дијалог, каде што покрај Синдикатот и работодавачите учествува и Владата. Овој социјален дијалог, за жал, минува низ само но низ формално постоење, кое секако е на штета на сите социјални партнери, посебно на Владата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.