Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

“psi“ два дена во скопје

 

Координативното тело на Publice Service International (Интернационалната организација на синдикатите од јавниот сектор), на 12 и 13 јануари во Скопје одржува централноевропски избирачки состанок. Учествуваат синдикални претставници од повеќе земји од централна и југоисточна Европа, кои разговараат на повеќе теми од современиот синдикален живот.

Темите воглавно се однесуваат на современите политички процеси и нивниот одраз врз синдикатите од јавниот сектор. Посебни се излагањата на претставниците на младинскиот и на женскиот форум.

Вториот ден се одржува заеднички состанок на PSI и EPSU (европскиот дел од PSI). Се разговара за општите политички развивања во Европската Унија, генералните и хоризонталните секторски политики на EPSU, интеграцијата на членките од југоисточна Европа и други прашања. Посебен простор е оставен за внатрешните организациони прашања, мрежата за колективно договарање, едукациски партнерства и глобалната политика и стратешките цели на PSI за 2008 – 2012 година. Исто така ќе се извршат номинации за телата на PSI и EPSU.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.