Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Утре во ссм се отвора канцеларија за мобинг

Утре во Сојузот на синдикатите на Македонија се отвора Канцеларија за мобинг. Во канцеларијата оштетените работници ќе можат да добијат советодавна, правна, здравствено – социјална и друг вид помош.

Канцеларијата за мобинг произлегува од проектот „Антимобинг мрежа – МК“, кој го реализираат Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот за финансиски дејности (СФДМ). Имено, СФДМ подолго од една година е вклучен во Регионалната програма “Мрежа за здравје и заштита при работа“, во кој учествуваат синдикати и други институции од Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Од регионалниот проект произлегува и формирањето на “Антимобинг мрежата – МК“, чија промоција се одржа на 10 декември во ССМ.
Повиците за мобинг во канцеларијата ќе ги прима проектен специјалист, кој ќе биде сместен во просториите на СФДМ, и тоа во деновите понеделник, вторник и среда, од 10 до 14 часот. На мобираните работници ќе им биде закажуван термин за консултации, кога ќе можат да добијат стручна помош од страна на правник, потоа од здравствено – социјален експерт и од советник, тренер за мобинг.

Според концепцијата доколку се констатира дека едно лице е малтретирано на работното место ќе бидат преземени понатамошни дејства, како разговор со работодавачот од страна на синдикатот и од страна на адвокатот или медијаторот. Ако разговорите не вродат со плод следуваат правни дејства.

Отворањето на канцеларијата е во 10 часот, во просториите на СФДМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.