Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Синдикатот за текстил утре одржува конгрес

Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на Република Македонија (СТКЧ) утре, на 14 декември, го одржува својот Шести Конгрес, под мотото “Побројни, единствени, посилни“. Конгресот ќе се одржи во Скопје, во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Кандидат за претседател е Анѓелко Анѓелковски, секретар на Советот на ССМ и претседател на СТКЧ во досегашниот мандат.

На Конгресот ќе се поднесе Извештај за работата на СТКЧ за изминатиот период и ќе се дадат на гласање Предлог – Статут и Предлог – Програма за дејствување во периодот 2010 – 2015 година. Исто така ќе се предложи усвојување на “Предлог - Резолуција за постабилна економско – социјална состојба на претпријатијата, побројни и посигурни работни места“.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.