Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Денес и утре во ссм се одржува обука на антимобинг советници

На трети и четврти мај во Сојузот на синдикатите на Македонија ќе се одржи обука на 80 синдикални претставници, кои по обуката ќе се стекнат со статус на антимобинг советници.

На обуката, која почнува во 11 часот, поканети се претставници на Организацијата на работодавачи, невладините организации, медиумите, народниот правобранител, науката, адвокатурата, судските органи, Владата, здравството и други организации кои се занимаваат со прашањата од цивилното општество.

Обуката ќе ја извршуваат претходно обучени тренери од Македонија, во соработка со тренери од Република Хрватска.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.