Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Работилница за безбедност на синдикатот за хемија

09.05.2011_fotografija_hemija
Во хемиската индустрија се посветува големо внимание за безбедните услови за работниците

Синдикатот на хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ) од 6 до 9 мај во Охрид, во одморалиштето на МВР, организираше тродневна работилница, посветена на безбедноста и здравјето при работа. На работилницата учествуваа  над 50 синдикални повереници, активисти, претставници за безбедност во претпријатијата, како и претставници на Унијата на слободните синдикати на Црна Гора.

Како што информира претседателот на СХНМ Зоран Мироновски, работилницата вклучи две теми: “Законот за безбедност и здравје при работа и претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа“ и “Правилникот за начинот за изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина, како и податоци врз кои треба да се заснова проценката на ризик“. Предавач за двете теми беше Александар Матеев од Службата за безбедност и здравје во АД “Алкалоид“.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.