Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Меѓународна конференција за социјалниот дијалог

10.05.2011_logo_effat10.05.2011_logo_copa10.05.2011_logo_agro

На 11 и 12 мај во хотелот “Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција на тема поддршка на социјалниот дијалог во областа на земјоделството на новите земји членки во Европската Унија и земјите кандидатки.

Организатори се Групацијата на работодавачи на професионалните земјоделски организации на ЕУ (COPA) и Европската федерација на синдикатите за храна, агрокултура и туризам (EFFAT), додека домаќин е Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат).

На конференцијата ќе учествуваат над 80 претставници од Бугарија, Хрватска, Романија, Турција и Македонија, од каде ќе бидат застапени  работодавачите, преку Групацијата COPA, синдикатите, преку EFFAT и Владите.

Претседателот на АГРО Синдикатот Живко Даневски информира дека учесниците треба да ги презентираат состојбите со колективните договори на компаниите и гранските колективните договори во нивните земји. Според програмата на конференцијата ќе се обратат секретарот за агрокултурниот сектор на ЕФФАТ Арндт Шпан и советникот за социјални прашања Жан Пјер Капуч.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.