Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Соопштение: ссм останува на темелниот став за зачувување на својата независна, автономна и непартиска позиција

Во врска со шпекулациите во анонимното писмо што деновиве е испратено до средствата за информирање и до други институции, Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија изјавува дека писмото не потекнува од Сојузот. Претседателството зазеде единствено мислење и го изјавува следново:

Сојузот на синдикатите на Македонија ги одбива обидите за инволвирање во тековните политички процеси и останува на своите изворни определби и ставови.

Сојузот на синдикатите на Македонија останува на единствениот став дека ќе продолжи да се бори за одредување минимална плата, зголемување на ниските плати, проширување на условите за пензионирање, подобрување на правата од работниот однос и за сите други прашања околу подобрувањето на материјалната положба на граѓаните. За овие прашања ќе преговараме со идната Влада, без оглед на политичкиот контекст.

Во однос на политичките процеси во Република Македонија изворната и темелната определба на ССМ е зачувување на независната, автономна и непартиска позиција.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.