- Македонски
- English

12.02.2012
Министерството за одбрана и Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ) денес постигнаа договор според кој старосната граница на службата на професионалните војници се поместува од 38 на 45 години.
Претседателот на СОБ Ристо Ајтов истакна дека синдикатот подолго време инсистира на вакво или слично решение. Задоволни сме што за само шест месеци од мандатот на министерот најдовме начин за решавање на еден од клучните проблеми на професионалните војници.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими изјави дека станува зор за пакет изготвен според принципите на НАТО. Измените се направени по примерот на повеќе земји членки на НАТО. Имаме една лепеза начини како со преквалификација и ресоцијализација професионалните војници полесно да ја продолжат кариерата, објасни Бесими.
Договорот е во прилог и на синдикатот и на министерството, рече претставникот на НАТО во Македонија, Јордан Јорданов. Новите предлог измени ќе се разгледуваат заедно со советодавен тим и експерти на НАТО, а нивна цел е подобрување на животниот стандард на војниците.
Според постигнатиот договор исто така се менува старосната граница за регрутација, од 23 на 25 години.