Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Разговор со претставници на светската банка

20.03.2012

РАЗГОВОР СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СВЕТСКАТА БАНКА
РАЗГОВОР СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СВЕТСКАТА БАНКА

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија престојуваа Борјана Гочева, Индира Сантос и Јоханес Кетл, претставници на Светската банка. Целта на посетата беше информирање околу невработеноста во државата, причините за невработеноста, улогата на Синдикатот и соодветноста на образовниот систем.

Секретарот на Советот на ССМ Ангелко Анѓелковски и раководителот Лилјана Јанкуловска ги информираа гостите дека големата невработеност во најголем дел е резултат на трансформацијата на капиталот, но и на ред други причини. Објаснета е улогата на Економско – социјалниот совет, како и на институцијата минимална плата, која е донесена со консензус на трите социјални партнери.

Гостите се интересираа за различната евиденција на бројот на невработени, на што им беше објаснето дека стапката зависи од методот на евиденција, па оттаму се среќаваат различни бројки. Но во секој случај стапката на невработеност е висока и ССМ постојано настојува да се носат мерки за намалување на небработеноста.

Претставниците на Светската банка се интересираа и за компатибилноста на образовниот систем, односно неговата соодветност со потребите на новите работни места. Анѓелко Анѓелковски објасни дека постојниот образовен систем во основа ги задоволува потребите на стопанството, но дека има голем простор за проширување, најмногу во делот на стручното образование и практичната настава. Инаку Индира Сантос изјави дека Светската банка од 2014 година започнува проект за развој на стручните вештини.

RAZGOVOR SO PRETSTAVNICI NA SVETSKATA BANKA

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.