- Македонски
- English

Денес претпладне во Министерството за труд и социјална политика директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа Марк Левин се сретна со претставниците на социјалните партнери, со кои разговараше за имплементацијата на Националната програма за пристојна работа.
Националната програма за пристојна работа во 2010 година ја договорија МТСП, синдикатите, работодавачите и Меѓународната организација на трудот. Во четиригодишната програма се идентификувани приоритетите на Владата и на социјалните партнери, со цел остварување на пристојна работа за македонските граѓани.
На денешната средба присуствуваа министерот Спиро Ристовски, претседателот на ССМ Живко Митревски, претседателот на КСС Раско Мишкоски, претседателот на УНАСМ Слободан Антовски, претседателот на Организацијата на работодавачи Димитар Стојановски и претседателот на Биузнис конфедерацијата Миле Бошков.