Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Доделени 20 лиценци за антимобинг советници

17.05.2012

Честитки за новите советници
Честитки за новите советници

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се предадени 20 лиценци за советници – посредници за мобинг, кои за завршија обуката од три дела.

Лиценците на новите советници им ги предаде претседателот на ССМ Живко Митревски, кој ги објасни целите и платформата на ССМ во борбата против мобингот.

Денешниот настан е дел од вкупната агенда на ССМ во борбата против ова општествено зло. На Први мај ја претставивме Иницијативата за донесување посебен закон за мобинг, за кој верувам дека ќе биде комплетиран на седницата на Претседателството на ССМ на 28 мај. Пројавен е интерес за учество во изработката на текстот од другите социјални партнери, веруваме дека предлог – законот ќе биде поддржна од пратеници во Собранието, така што сметаме дека е обезбедена една солидна логистичка поддршка – изјави Живко Митревски.

При предавањето на лиценците претседателот Митревски на советниците им порача дека стекнатите знаења треба да ги применат во практични случаи во нивните работни средини. Целта е да се пружи практична помош на работниците, да се врши посредување во конфликтните ситуации, работниците да се запознаат со правата и обврските – накусо да се прави се за ефикасно дејствување против психичкото вознемирување на работните места.

Митревски посебно им се заблагодари на претседателот на Синдикатот на финансиски дејности Гоце Селовски, кој е носител и промотор на проектот, како и на членовите на Еекспертскиот тим на Канцеларијата за помош и едукација на жртвите од мобинг Артемис Периќ, Емилија Угриновска, Маја Ристива и Гоце Трајковски.

DODELENI 20 LICENCI ZA ANTIMOBING SOVETNICI

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.