Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Регионален семинар на здравствените синдикати од регионот

9.11.2012

Дискутантите се сложија дека многу проблеми се скоро идентични
Дискутантите се сложија дека многу проблеми се скоро идентични

Денес во Скопје, во хотелот “Александар палас“, се одржува регионален семинар за работата на синдикатите од здравствениот сектор во Македонија, Бугарија и Романија.

Семинарот се одржува со поддршка на Фондацијата “Фридрих Еберт“, при што воведен збор зеде Роланд Фихт, раководител на Канцеларијата на “Фридрих Еберт“ – Белград за работничките права и соицијалниот дијалог во Југоисточна Европа.

На семинарот учествуваат претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски, претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски, како и почесниот претседател Симон Силјановски, потпретседателот Александар Велјановски и генералниот секретар Васил Радевски.

Љубиша Каранфиловски
Љубиша Каранфиловски

На семинарот Љубиша Каранфиловски е избран за претседавач на Координативното тело на синдикатите од здравството на Југоисточна Европа.

Претседателите на синдикатите поднесоа извештаи за работата на синдикатите од здравството на Македонија, Бугарија и Романија, после што ќе се усвои “Повелба за солидарност“. Исто така на семинарот се договара спроведување заедничка акција на регионално ниво.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.