Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Вмрежување на младите и на жените од шумарството и одбраната

13.11.2012

Учесниците сметаат дека е потребна поблиска соработка меѓу двата вида секции
Учесниците сметаат дека е потребна поблиска соработка меѓу двата вида секции

Денес Живко Митревски и Ристо Ајтов, претседателите на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика и на Синдикатот на одбраната, потпишаа Меморандум за соработка и вмрежување на Секцијата на млади и Секцијата на жени на Синдикатот за шумарство со Синдикатот за одбраната.

Потпишувањето на Меморандумот беше во вклоп на семинарот “Зајакнување на капацитетите и синдикалното лидерство меѓу младите“, што денес се одржа во ССМ во организација на Синдикатот за шумарство.

Претседателот на ССМ Живко Митревски, кој е и претседател на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика, истакна дека целта на семинарот е реанимација на младите во синдикалното движење. Сега старосната граница на членовите во Синдикатот се движи од 40 до 50 години, додека според стандардите на BWI - Европската федерација на синдикатите од градежништвото, дрвната индустрија и шумарството во секциите на млади членуваат лицата со возраст до 35 години. Инаку, Синдикатот за шумарство и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање се полноправни членки на BWI.

Синдикатот мора да отвори посебна агенда за овие прашања, синдикалната активност на младите и положбата на жените. Со појавата на капитал односите во последните 20 години значително се менува и положбата на жените во работните процеси, при што родовата нееднаквост добива на актуелност.

Накусо, се работи за вмрежување на младинската мрежа во ССМ и ширење на женските секции во синдикатите, при што се смета и на блиска соработка на членовите од двата вида секции.

Ристо Ајтов изјави дека во Синдикатот на одбраната постојат лица кои ги водат активностите на младите и жените и дека вмрежувањето на секциите ќе внесе поголеми импулси во вкупната синдикалната организираност на младите и жените.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.