Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Школо за млади синдикални лидери

23.11.2012

Младите синдикалци на третата сесија на школата (фото архива)
Младите синдикалци на третата сесија на школата (фото архива)

На 24 и 25 ноември во Охрид се одржува тркалезна маса, како четврт дел на Школата за млади синдикални лидери. На школата, која се одржува со помош на Фондацијата “Фридрих Еберт“, учествуваат секциите на млади и младите синдикалци од Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати и Унијата на автономни и независни синдикати.

На тркалезната маса професор д-р Тодор Каламатиев, во делот “Младите и трудовото законодавство“, ќе зборува на темите “Засновање на работен однос“, “Права од работен однос“, “Одговорност и престанок на работниот однос“ и “Заштита на правата од работен однос“.

Во делот “Младите и синдикалното лидерство“ предава професор д-р Константин Петковски, на темите “Зошто младите синдикални лидери му се потребни на синдикатот“, “Што му е потребно на еден млад синдикален лидер“ и “Како да се стане добар млад синдикален лидер“, додека м-р Мери Стојкова ќе изврши презентација на резултатите од спроведеното истражување за синдикалното лидрство.

На тркалезната маса, која е завршна сесија на Школата за млади синдикални лидери, ќе се предадат сертификати за учество.

Во 2012 година вкупно се одржани четири сесии на Школата за млади синдикални лидери, кои се одржаа со поддршка на Фондацијата “Фридрих Еберт“. Учесници беа младите од трите синдикални организации – ССМ, КСС и УНАСМ.

Од 8 до 10 јуни во Охрид се одржа Третата сесија на Школата за млади синдикални лидери, на тема “Организирање и водење состаноци – колективно преговарање“. Предавачи на школата беа проф. Тодор Каламатиев, кој зборуваше за мобингот и престанокот на работниот однос, д-р Константин Петковски, кој предаваше за целите на обуката и организирање и водење состаноци и Лилјана Јанкуловска од ССМ, која информираше за колективните договори и преговарањето.

Во месец мај се одржаа претходните две сесии на Школата за млади синдикални лидери. Првата сесија се одржа на 5 мај во Скопје, на тема “Теорија и пракса на работното законодавство“. Предавачи беа д-р Тодор Каламатиев и м-р Александар Ристовски од Правниот факултет “Јустинијан Први“. На 19 и 20 мај во Струга се одржа Втората сесија на Школата за млади синдикални лидери, на тема “Лидерство“. Предавач на школата беше д-р Константин Петковски, професор на Универзитетот во Битола.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.