Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Меѓународен ден на младите, 12 август, соопштение од сојузот на синдикатите на македонија и секцијата на млади при ссм

12.08.2013

12.08.2013 foto1

 

ОБЈАВА ЗА МЕДИУМИ

PRESS RELEASE

ЗА ОБЈАВА НА
12.08.2013
E- mail:info@ssm.org.mk
Соработник за информирањe
Associate for information
E-mail: b.krstevski@ssm.org.mk
tel/fax ++389 2 3225-937

Меѓународен ден на младите, 12 Август, Соопштение од Сојуз на синдикатите на Македонија и Секцијата на млади при ССМ

ССМ и Секцијата на млади ги подржуваат сите активности во државата насочени кон остварување и подобрување на социјалната и материјалната состојба на младите и остварување на нивната функција во општеството.

ССМ и СМ во континуитет е фокусирана во спроведување на Националниот акциски план за вработување на млади 2015 година.

Сојузот на синдикатите на Македонија превзема конкретни активности и мерки преку започнување на информативни предавања, кампањи и обуки за запознавање на младите лица со нивните права од работен однос и нивно остварување.

ССМ и СМ се е залагаат за размена на мислења и информации и постигнување на согласност околу важни економско-социјални прашања од делокругот на локалната самоуправа и особено прашањето за подобрување на вештините за вработување на младите.

ССМ и СМ ја користи можноста и на овој ден да ги охрабри сите млади лица кои не се вклучени во синдикалното движење активно да се вклучат и зачленат во истото и преку синдикатите здружени во ССМ активно да учествуваат во остварувањето на синдикалните права и слободи.

ССМ се вклучува во процесите кои овозможуваат активна партиципација на младите луѓе во сите сфери на општеството и ги поддржуваат активностите поврзани со положбата на младите луѓе на меѓународен план и нивна интеграција.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.