- Македонски
- English

24.09.2013
Денес во Сојзуот на синдикатите на Македонија се одржа прес конференција, на која медиумите беа запознаени со два исклучително важни настани: верификацијата на три конвенции на Меѓународната организација на трудот и добивањето решенија за репрезентативност на девет синдикати здружени во ССМ.
Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски информираше за крупната активност на Сојузот на синдикатите на Македонија, која во основа ќе придонесе за зајакнување на меѓународните стандарди на трудот и во нашето работно законодавство која е објавена во Сл.Весник на РМ бр.55/13. Активно учествувајќи во евроинтеграциските процеси на државата, Сојузот на синдикатите на Македонија, заедно со другите социјални партнери, во октомври 2012 година има поднесено Иницијатива за ратификување на следните конвенции :
Ратификацијата на Конвенцијата за трудова администрација, 1978 (бр.150), Конвенцијата за колективно договарање, 1981(бр.154) и Конвенцијата за работни односи во јавните служби, 1978(бр.151) кои претставуваат темелни конвенции, претставува и верификување на иницијативата на ССМ на која бевме посветени во изминатиот период. Ратификацијата на Конвенцијата за трудова администрација, 1978(бр.150) утврдува дека секоја земја што ќе ја ратификува оваа конвенција во согласност со националните услови и во рамките на системот за трудова администрација, осигурува консултации, соработка и пеговори меѓу јавните органи и најрепрезентативните организации на работодавачи и работници. Ратификацијата на Конвенцијата за колективно договарање, 1981 (бр.154) утврдува дека одредбите на оваа конвенција се применуваат преку законите и други прописи, а исто така се превземаат и мерки за промовирање на колективното договарање во согласност со националните услови. Колективното договарање се проширува на сите преговори што се одвиваат меѓу работодавачот, група работодавачи или една или повеќе организации на работодавачи од едната страна и една или повеќе организации на вработени од другата страна Ратификацијата на Конвенцијата за работни односи во јавните служби, 1978 (бр.151) утврдува дека оваа Конвенција се применува на сите лица што се вработени од јавните органи, доколку на нив не се применливи поповолните одредби од другите меѓународни Конвенции за труд.
Во периодот 2010-2012 година, на иницијатива на ССМ, прифатена од другите репрезентативни синдикати и социјални партнери, се ратификувани 5 конвенции на Меѓународната организација на трудот:
На прес конференцијата претседателот информираше за добиените решенија за репрезентативност на девет синдикати здружени во ССМ. Заврши уште една крупна активност која ја започнаа синдикатите здружени во ССМ. Тоа е добивањето на Решенија за утврдување на репрезентативност на ниво на гранка, односно оддел во јавниот и приватниот сектор, на девет гранкови синдикати здружени во ССМ, изјави претседателот на ССМ д-р Живко Митревски. Министерството за труд и социјална политика по заклучокот на Комисијата за утврдување на репрезентативност, на барање на синдикатите согласно Законот за работните односи ги издаде овие решенија:
1. Самостоен синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија
2. Синдикат на работниците од Агро - индустрискиот комплекс на РМ
3. Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на РМ
4. Синдикат на одбраната и безбедноста на Македонија
5. Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ
6. Синдикат на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетиката на РМ
7. Македонски полициски синдикат
8. Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија
9. Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ
Решение за репрезентативност во областа на Производството на кожа и слични производи од кожа заради учество во колективно договарање на ниво на гранка, односно оддел.
Претседателот Митревски додаде дека продолжуваат постапките за добивање решенија за репрезентативност и на другите синдикати здружени во ССМ.