Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Вонреден состанок за политиката на меѓународните финансиски институции во југоисточна европа

28.04.2014

28.04.2014-foto1Слика 1: Претседателот Митревски на состанокот

На 28 и 29 април 2014 година во хотелот Арка , Скопје во организација на Меѓународната конфедерација на синдикатите- ИТУЦ се одржува меѓународна конференција на тема: „Предизвиците на кризата и одговорите на глобалните синдикати и меѓународните институции“.

На состанокот присуствуваат претседателите на поголемите синдикални сојузи од Р. Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово како и претседателите на Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија.

Свои обраќања имаа Григор Градев, секретар на ПЕРК, Петер Баквис, директор на канцеларијата на Глобални синдикати од Вашингтон како и Ениса Салимовиќ, регионален координатор на ИТУЦ- ПЕРК од Сараево.

28.04.2014-foto2Слика 2:  Учесници на состанокот

Посебен фокус беше посветен на трите мерки на Глобалните синдикати и тоа на мерките на поддршка на економското опоравување, мерките за создавање на достоинствени работни места и промена на нееднаквоста и мерките за ефективни финансиски прописи и оданочување.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, во своето обраќање ги потенцираше превземените мерки на овој план, а особено мерките за зголемувањето на минималната плата и мерките за поттикнување на вработувањето. Тој посебно укажа на потребата од градење на регионална стратегија на синдикатите по однос на овие прашања.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.