Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Состанок со претставници на фондацијата фридрих еберт- фес

26.05.2014

26.05.2014-foto2Слика 1: Претседателот д-р Митревски на денешниот состанок

На 26 мај 2014 година во Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот д-р Живко Митревски, одржа работен состанок со претставници на Фондацијата „Фридрих Еберт“ - ФЕС во Р. Македонија, Стине Клапер, директор на Канцеларијата на ФЕС во Македонија и Милан Живковиќ, проект координатор.

На состанокот се зборуваше за натамошната соработка, градење на добра комуникација и идните планови кои Сојузот на синдикатите на Македонија со поддршка на ФЕС ќе ги остварува во наредниот период.

Претседателот д-р Митревски посебен акцент стави на потребата за добивање и размена на искуства со германските синдикати во делот на отворање, натамошна работа и функционирање на едукативен центар во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија, како и во делот на внесување новини во односите со јавноста, со што ќе се овозможи да се проектира имиџот на организацијата кај корисниците, поддржувачите, донаторите, локалната заедница и другата јавност.

Претседателот побара од Фондацијата „Фридрих Еберт“ - ФЕС да помогне и да биде „мост за соработка“ при организирање и мобилизирање на ново синдикално членство, посебно во индустриските зони во Р. Македонија, затоа што и овие лица имаат потреба од колективна заштита.

Директорката на канцеларијата на ФЕС, Стине Клапер, истакна дека од големо значење за ФЕС е соработката со синдикатите, па и во таа насока ќе дејствуваат.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.