Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Твининг проект финансиран од еу: -поддршка на агенцијата за вработување за спроведување на активните мерки и услуги на пазарот на трудот-

 

30.10.2014
На 30-ти октомври 2014 година, во центарот за вработување на Битола , претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски, присуствуваше на презентирање на проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на агенцијата за вработување за спроведување на активните мерки и услуги на пазарот на трудот“.

Настанот го отвори постојаниот твининг советник Аксел Биргер кој го образложи проектот и ги запозна присутните со временската рамка на имплементација на проектот.

Претседателот д-р Митревски го истакна значењето на овој проект, посебно на регионално ниво. Исто така во својот говор, тој го истакна и значењето на социјалното партнерство, особено на локално ниво како важен фактор во креирањето на активните мерки и услуги на пазарот на трудот.

Слика 1. Претседателот д-р Митревски со присутните на настанотСлика 1. Претседателот д-р Митревски со присутните на настанот

Воедно претседателот ја искажа својата благодарност до Европската комисија  во поттикнување и збогатување на капацитетите на партнерите во спроведување на политиките за вработување.

Проектот се спроведува во повеќе општини во Р. Македонија меѓу кои и општина Битола, а покрај социјалните партнери вклучени се други субјекти кои се значајни во креирањето на политиките за вработување на локално ниво.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.