
7-8.6.2016
Трипартитна делегација согласно статутот на Меѓународната организација на трудот (МОТ), претставници на репрезентативните синдикати, организации на работодавачи и влади, присуствуваа на 105-тата седница на Генералното Собрание на МОТ, која се одржа на 7 и 8 јуни 2016 година, во Женева.

Слика 1. Трипартитната делегација од Македонија
Во делегацијата учествуваа: Министерот за труд и социјална политика на Република Македонија, Диме Спасов, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски, претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), Благоја Ралповски и претседателот на Организацијата на работодавачи на Р. Македонија (ОРМ), Ангел Димитров.
На Генералното Собрание на МОТ, свое излагање имаше Министерот за труд и социјална политика на Република Македонија, Диме Спасов, а претставниците на синдикатите и организацијата на работодавачи учествуваа во работата на повеќе комисии. На оваа 105-та седница на Генералното Собрание на МОТ, делегацијата гласаше и за прифаќање на повеќе конвенции.
Еден од позначајните документи кој беше разгледуван на сесијата беше и: „Влијанието на Декларацијата на МОТ за Социјалната Правда врз Фер Глобализацијата, 2008.