- Македонски
- English

Сојузот на синдикатите на Македонија во Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството во член 25 обезбедил основната плата на работникот да се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж, а како правото на додаток за работен стаж е утврдено со член 106 од Законот за работните односи.
Додатокот за работен стаж треба се исплаќа за целото време поминато на работа, а не само кај работодавачот кај кој работникот во моментот остварува право на плата.
Честите контроли на инспекциите не се доволна причина газдите во целост да ги исплаќаат паричните средства на вработените особено ова право.
Информациите на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во првата половина од ланската година над 3000 граѓани не добиле целосна месечна плата.
Половина од поплаките на работниците се за неисплатен минат труд. Синдикалците ги охрабруваат работниците, доколку забележат дека дел од средствата кои ги заработиле, а не им се исплатени од страна на работодавачите, да пријават во Сојузот на синдикати, и во трудовиот инспекторат.
Преземи ја новата мобилна апликација ССМ - мои работнички права и пријави прекршување на Закон и Колективен договор:
Google Play: https://cutt.ly/3bbqgKB
App Store: https://cutt.ly/Jbbqlc7