Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

1 ФУНКЦИОНЕР ПОКРИВА 2,5 СИНДИКАЛНИ МИНИМАЛНИ КОШНИЦИ, 1 РАБОТНИК НЕ ПОКРИВА НИТУ ПОЛОВИНА СИНДИКАЛНА МИНИМАЛНА КОШНИЦА

Додека фунционерите за себе си овозможуваат енормни плати согласно последната Одлука на Уставниот суд, работниците и граѓаните кои воедно се и нивни гласачи тонат во сиромаштија.

Додека еден функционер со својата нова плата, која на ден му е зголемена за околу 2.000 денари, може да покрие две ипол синдикални минимални кошници односно со само една негова плата обезбедува неопходна егзистенција за 10 члено семејно домакинство, работниците и граѓаните се борат да го избуткаат месецот до крај и на своите семејства да ги им ги овозможат само неопходните производи за преживување, а не и за нормално живеење.

За жал од јавните настапи и пазарења во маркетите на Премиерот и на Министерот за економија за мерките кои ги преземаат за замрзнување на цените на основните производи резултатот е само 100 денари намалена вредност во Синдикалната минимална кошница на трошоците за исхрана и пијалоци па така доколку во февруари оваа година само за храна и пијалоци на едно четиричлено семејно домакинство му биле потребни 19.379 денари, во март му биле потребни 19.263 денари или незначително и симболично му е помогнато на едно семејство со ваквите мерки на Владата.

Време е работниците и граѓаните да се охрабрат и масовно да излезат со синдикатите на 1ви Мај и да го изразат своето незадоволство.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.