Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

1.060 ФУНКЦИОНЕРИ ДОБИЈА ПО 1.500 ЕВРА МЕСЕЧНО – 78% ПОКАЧУВАЊЕ Е ПРЕМНОГУ ЗА НИВ, А 10% Е ПРЕМАЛКУ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

ССМ: 1.060 функционери добија по 1.500 евра месечно – 78% покачување е премногу за нив, а 10% е премалку за вработените во јавниот сектор

Бараме од пратениците да не водат политичка битка и да се грижат за вработените во јавниот сектор, исто како што вработените се грижат за извршување на работните задачи и им помагаат на пратениците во Парламентот, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов за почетокот на дебатата во Собранието, која треба да резултира со законска обврска за 10 отсто повисоки плати со септемвриската плата, но и регрес за годишен одмор за 130.000 работници во јавен сектор.

Трендафилов истакна и дека пратениците повеќе од еден месец беа на годишен одмор и се уште се на одмор, особено ако се знае дека за иницијативата на ССМ за намалување на нивните плати за 78% за која се глуви.

-Немаат храброст да не контактираат. Вработените нема да бидат задоволни со зголемувањето од 10%, ако имаме во предвид дека функционерите не заслужено без никаква продуктивност ги уживаат продобивките од срамната Одлука на Управниот суд со која нивните плати се за 78% зголемени. Нашиот предлог беше функционерите да бидат на исто ниво со работниците и државата да не биде маќеа за еден, а мајка за друг, рече Трендафилов на брифинг со новинарите.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека врз основа на попишувањето на Општиот колективен договор за вработени во јавен сектор во јули годинава, во ребалансот на Буџетот се обезбедени дополнителни 10 проценти за плати, како и пари за регрес на годишен одмор. Тој алармираше дека одредбите од Општиот колективен договор, автоматски треба да се применуваат и да се зголемат платите и алармираше тоа да се почитува.

– До ССМ стигнаа голем број прашања за зголемувањето на платите. Ја користам оваа можност да им се обратам на министрите, на градоначалниците, на директороте и на раководителите во јавниот сектор дека директно треба да ги применат одредбите од Општиот колективен договор и одредбата за зголемување на платите од 10 проценти.

Дополнително што треба да направат е да изготват решение за секој вработен, или да потпишат Колективен договор на ниво на работодавач – појасни Трендафилов.

Претседателот на ССМ информира дека кога преговарале за општиот колективен договор им укажале на функционерите дека 78% покачување е премногу за нив, а 10% е премалку за вработените во јавниот сектор и дека тоа ќе биде главниот проблем во периодот кој следи и еве тоа им се случува денес, работниците да го бараат истото што го имаат функционерите.

Тој алармираше на огромните разлики, па рече дека сега се случува 90 проценти од вработените во судовите и во обвинителствата да имаат зголемени плати од 10 проценти и да ги гледаат судиите и обвинителите со зголемени плати од 78 проценти, а така е и во министерствата и во други државни институции.

– Бараме функционерите да имаат минимална плата помножена со коефициент на сложеност и на тој начин да им се вратат платите на нивото пред Одлуката на Уставен суд и таа плата да биде зголемена за 10 проценти од септември. Потоа, предлагаме од март 2025 година кога вработените во јавниот сектор ќе добијат плата формирана од просечна плата помножена со коефициент на сложеност, тоа право да го имаат и функционерите. Ние најавивме жешка есен и ја почнавме во септември и покрај потпишаниот Колективен договор поради алчноста на функционерите и од опозицијата и од власта.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски вели дека на 27 септември во штрајк стапуваат вработените во јавното обвинителства, а наредниот ден, на 28-ми судовите. И нивните барања се раст на платите од 78 проценти како што е на избраните и на именуваните функционери и да им се вратат додатоци на плати кои ги имаат според закон, а кои не ги добиваат.

– Синдикат на УПОЗ денеска испрати амандман на предлогот на ребалансот на буџетот со кои бараме раст на платите од најмалку 30 до 78 проценти. Проблемите во судовите не се од денеска. До пред март имавме сооднос на вработените во однос на функционерите од еден спрема два, или еден спрема три, сега тој однос е еден спрема 6, односно еден спрема седум. Таква состојба е и во државно правобранителство, служба за водење во матична евиденција, Фонд за здравство, Сите овие служби се под закана на штрајк – вели Деаноски.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.