Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

112-та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТРУДОТ

112-та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТРУДОТ

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов учествуваше на 112- тата Меѓународна конференција на трудот што се одржува во Женева, Швајцарија, во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

На конференцијата како дел од делегацијата, која е трипартитна, покрај Претседателот на ССМ, Трендафилов учествуваа и Влатко Трајкоски од Организација на работодавачи на Македонија и Енвер Хусејин, заменик Министер за труд и социјална политика придружуван од Маја Папатолевска, помошник Раководител во сектор за политики од областа на трудовото право и политики за вработување.

Меѓународната конференција на трудот е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Македонија. Секоја година во јуни, оваа конференција ги собира трипартитните делегации од 187 земји - членки на Организацијата каде што се дискутираат сите прашања од трудовата област.

Оваа година во рамките на конференцијата се одржа и Форумот на Глобалната коалиција за социјална правда на кој учествуваше и македонската делегација.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.