Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

113-та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТРУДОТ

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов учествуваше на 113- тата Меѓународна конференција на трудот што се одржува во Женева, Швајцарија, во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

На конференцијата како дел од делегацијата, која е трипартитна, составена од ССМ, Влада и ОРМ, покрај Претседателот на ССМ, Трендафилов учествуваа и Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, Бурим Билали, в.д Амбасадор на Македонија во Женева, Билјана Талевска, член на Управниот одбор на ОРМ и Маја Папатолевска, помошник Раководител во сектор за политики од областа на трудовото право и политики за вработување.

Меѓународната конференција на трудот е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Македонија. Секоја година во јуни, оваа конференција ги собира трипартитните делегации од 187 земји - членки на Организацијата каде што се дискутираат сите прашања од трудовата област.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.