Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

114-та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТРУДОТ

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов  учествува на 114- тата Меѓународна конференција на трудот што се одржува во Женева, Швајцарија, во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

На конференцијата како дел од делегацијата, која е трипартитна, составена од ССМ, Влада и ОРМ, покрај Претседателот на ССМ, Трендафилов учествуваа и Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и Штерјовски Маја од Организацијата на работодавачи на Македонија во својство на делегати.

Меѓународната конференција на трудот е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Македонија. Секоја година во јуни,  оваа конференција ги собира трипартитните делегации од 187 земји - членки на Организацијата каде што се дискутираат сите прашања од трудовата област.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.