- Македонски
- English
12,1% ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МРТ
Успешно завршени преговорите помеѓу раководството на ЈРП Македонска Радио Телевизија и Синдикалната организација при МРТ околу усогласувањето на платите со Колективниот договор.
Анексот на Колективниот договор со кој платите на вработените во МРТ се зголемуваат за 12,1% од септемвриската плата го потпишаа Претседателката на Програмскиот совет на ЈРП МРТ, Смилка Јанеска – Саркањац и Претседателката на Синдикалната организација при МРТ, Слаѓана Миливојевиќ.