Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

15% ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЕСМ ОД СЕПТЕМВРИ

1

Вработените во АД ЕСМ ќе добијат 15% повисоки плати, во РЕК “Битола“ потпишана Спогодба за измена на Колективниот договор во АД ЕСМ.

Претседателот на синдикалната организација на АД ЕСМ при СИЕР Јове Смилевски и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов потпишаа Спогодба за измена на Колективниот договор за зголемување на платите на вработените во АД ЕСМ за 15%.

Оваа измена на Колективниот договор беше неминовна, а со примена на измената платите на вработените им се зголемуваат за 15%, почнувајќи од септемвриската плата.

Спогодбата е потпишана по неколку месечни интензивни преговории, а деновиве барањата беа усогласени со финансиските можности на компанијата, помеѓу Управниот одбор на АД ЕСМ и Синдикатот на АД ЕСМ при СИЕР.

Синдикатите членки во ССМ, како што е СИЕР преку Синдикатот во АД ЕСМ напорно работат на зголемување на платите на членовите и на сите вработени.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2023 | Сите права се задржани.