Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

18.000 ДЕНАРИ МИНИМАЛНА ПЛАТА КАКО ПРЕДЛОГ НА ССМ ПРИФАТЕН ОД СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ, СИНДИКАТИТЕ, ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ, ЕКСПЕРТИТЕ

Сојузот на синдикатите на Македонија изразува задоволство од постигнатиот резултат на преговорите со социјалните партнери водени во врска со предлогот на ССМ за измени и дополнување на Законот за минимална плата во насока на утврдување на минимална плата во износ од 18.000 денари кој износ претставува 62% од просечната нето плата, што ќе придонесе за скалесто зголемување на остантите плати.

Сојузот на синдикатите на Македонија својот предлог го темелеше на стручни економски анализи, а воедно беше покажана огромна одлучност од нашето членство и на тој начин се постигна успех кој што ќе биде пример и за други европски земји поради тоа што висината на минималната плата од 62% е највисокиот износ на минимална плата и за европски услови во споредба со просечната плата.

Не забораваме дека во нашите заложби и активности бевме поддржани од еминентни професори од научната и стручната фела, другите синдикати ( Конфедерација на слободни синдикати на Македонија и Конфедерација на синдикалните организации на Македонија - КСОМ ) и фондации ( Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje ) ​во Државата, политичките партии ( Левица , ДОМ , Демократски Сојуз, Социјалистичка партија на Македонија ) кои јасно и недвосмислено ја дадоа својата поддршка за работниците за зголемување на нивните плати, а нашиот предлог беше поднесен од пратениците согласно нивните деловнички надлежности на Дневен ред на Собранието на Македонија.

Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија и коалицијата за цело време на траење на процесот на социјалниот дијалог покажаа дека ги препознаваат аргументите и анализите на ССМ за зголемување на минималната плата и останатите плати и застана рамо до рамо со работниците за нивните егзистенцијални потреби особено во оваа ковид, економска и енергетска кризна година.

Работодавачите се наш социјален партнер и досега проблемите сме ги разрешувале по пат на социјален дијалог, а со покачувањето на минималната плата нема да бидат оштетени, напротив научните истражувања покажуваат дека со покачувањето на минималната плата ќе дојде до зголемување на продуктивноста на трудот, а со тоа и зголемување на производството во компаниите, нешто на што заеднички ќе работиме, а на тој начин ќе се создадат балансирани односи помеѓу трудот и капиталот што е неопходен услов за развој на економијата и општеството.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.