Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

24 АПРИЛ Е НЕРАБОТЕН ДЕН !

24 АПРИЛ Е НЕРАБОТЕН ДЕН !

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат.

Владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија.

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на Шестнаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година, деновите 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.

За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали Заклучокот на Техничката Влада се почитува од страна на работодавачите.

Државниот инспекторат за труд им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија донесен на Шестнаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година, деновите 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија .

Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.
За наведените денови Државниот инспекторат за труд ќе воведе дежурства и преку државните инспектори на труд ќе контролира дали Заклучокот на Владата се почитува од страна на работодавачите.

Сојузот на синдикатите на Македонија им укажува на газдите дека никој не е над законот, а на работниците дека секое прекршување треба да го пријават

За работниците кои работат кај работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат, ССМ со колективните договори утврдил право на исплата на дневница во висина од 250%

ССМ во член 24 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и во член 16 од Општиот колективен договор за јавен сектор за работниците обезбедил

Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку, за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.