Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

28 АПРИЛ - СВЕТСКИ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

28 АПРИЛ - СВЕТСКИ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Потпретседателот на ССМ за јавен сектор Иван Пешевски во видео сторијата на Види Вака зборува за безбедноста и здравјето при работа.

28 април е Светскиот ден на безбедност и здравје при работа. Во Македонија, приватниот, но и јавниот сектор го злоупотребуваат трудот на работникот. За тоа кои фирми направиле прекршувања на законите, прочитајте повеќе во мултимедијалната приказна.

Приказната оригинално е објавена на: 25.2.2023 година.

Освен ширењето на синдикалната кауза којашто сама по себе треба да се бори и заштитува, другата цел на Синдикатот е обезбедување на едукација за работничките права.

„Тоа единствено може да го обезбедиме со експерти од областите трудово право и безбедност и здравје при работа од кои, работниците ќе учат и понатаму ќе делуваат помеѓу новите генерации коишто доаѓаат. Единствен излез од кризата со егзодусот на млади сили од државата ќе биде токму тоа да ги едуцираме луѓето да останат тука, меѓутоа од друга страна треба државата и работодавачите во приватниот сектор тоа да го ценат и соодветно да го плаќат, а не да наоѓаат изговори како македонскиот работник не е продуктивен и од друга страна ќе видите дека никој не може да биде продуктивен колку што ги гледаме платите во тие сектори“, појаснува претседателот на Синдикат за градежништво - СГИП , Иван Пешевски

Целата мултимедијална сторија можете да ја погледнете на следниот линк

https://vidivaka.mk/visokoprofitabilni-kompanii-i.../... 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.