- Македонски
- English

Денес Европската конфедерација на синдикати (ETUC) одржува Европски ден на акција. Цел на акцијата е испраќање порака до политичките водства на европските земји да посветат внимание на влошената економска состојба на милиони Европејци.
Македонските синдикати ја поддржуваат акцијата на ETUC и објавија свој проглас.
Во Брисел се одржуваат две акции. Европската конфедерација на синдикати, со претставници од повеќе национални синдикати од европските земји, денес ќе одржи собир пред седиштето на Советот на ЕУ, каде на 1 и 2 март ќе се одржи Европскиот самит. Белгиските синдикати FGTV-ABVV, CSC-ACV и CGSLB-ACVLB ќе одржат собир пред Белгиската централна банка. Националната акција на белгиските синдикати се смета за европска, затоа што нејзината цел е барањата од синдикатите до Бегиската банка да се пренесат до Европската централна банка.
Според програмата денес на пладне ќе се одржи собир пред седиштето на Советот на ЕУ, додека во попладневните часови се закажани средби на синдикалните лидери со претседателот на Европскиот совет, со претседателот на Европскиот парламент и со претседателите на политичките групи на Европскиот парламент.
Во пораката на синдикатите се вели:
Ефектите од економската и социјалната криза достигнаа неподносливи размери за милиони Европејци. Мерките за штедење ја прават ситуацијата полоша и предизвикуваат огромна социјална штета.
Најновите европски статистики покажуваат дека стапката на невработеност достигна рекордно ниво, особено меѓу младите луѓе. Во многу земји речиси еден од двајца млади е невработен. На 115 милиони луѓе, или 23,5 отсто од населението, им се заканува сиромаштија и социјална исклученост.
Нееднаквоста се зголемува. Стравот од утрешницата е сеприсутен, што доведува до националистички рефлекс и подем на екстремната десница.
Соочени со влошената економска и социјална положба, за нашите лидери единствениот одговор е штедењето.
На 30 јануари Европскиот самит стави печат на нов меѓународен договор кој ја дефинира буџетската дисциплина.
На единствената валута и е потребно економско управување, но европскиот синдикат се спротивставува на овој договор, затоа што тој не се занимава со проблемите на вработувањето, се поголемата несигурност на работните места и ризикот од долгорочна рецесија.
Ние ги одбиваме:
Ние предлагаме:
Како знак на поддршка за Денот на акцијата синдикатите од Република Македонија го објавуваат следниот проглас, со порака до надлежните органи на Република Македонија.

П Р О Г Л А С
на синдикатите од Македонија на Европскиот ден
на акција 29 февруари 2012 година
Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија, по повод Европскиот ден на акција 29 февруари 2012 година, организиран од страна на Европската Конфедерација на синдикати, до надлежните органи во државата го испраќаат следниот
П Р О Г Л А С
КСС ССМ УНАСМ
Претседател Претседател Претседател
Раско Мишкоски Живко Митревски Слободан Антовски
Денот на акцијата го подржуваат повеќе синдикати во европските земји, кои организираат свои протести, како јавни собири, средби со министри и парламентарци, дистрибуција на информативен материјал и друго. Тоа се OGB од Австрија, FGTB, CSC и CGSLB од Белгија, SEK од Кипар, CGT, CFDT и UNSA од Франција, DGB од Германија, ICTU од Ирска, CGIL, CISL и UIL од Италија, FNV и CNV од Холандија, CC OO, UGT, USO и ELA од Шпанија, OPZZ – Солидарност од Полска, CGTP - IN и UGTP од Португалија, Cartel Alfa и BNS од Австрија, TUC од Велика Британија, LO од Шведска, SGB/USS од Швајцарија и HAK и IS од Турција.