Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

30 ДЕНА ШТРАЈК, 30 ДЕНА ИГНОРИРАЊЕ ОД ВЛАДАТА, 30 ДЕНА ПРЕГОВОРИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИ ВО ОПШТИНИ И ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Од 22.06.2022 година повеќе од 138.000 работници се на генерален штрајк во јавениот сектор, кој до денес 22.07.2022 година трае 30 дена и истиот за прв пат и се случува на една Влада поради тоа што истата не ги исполнува ветувањата, ги лаже и ги манипулира работниците во јавниот сектор.

Во Македонија, генерален штрајк на цел сектор кој траел еден месец не се случил, а досега сите предходни Влади имале разбирање за потребите на работниците освен оваа Влада која смета дека работниците за кои таа е надлежна не заслужуваат зголемени плати во оваа пост ковид, енергетска и економска криза.

Во услови кога минималната плата порасна за 18,6%, кога трошоците за живот ( инфлацијата ) изнесуваат високи 14,5% според официјални податоци, а според неофицијалните податоци и над 20%, кога синдикалната минимална кошничка за преживување на едно четиричлено семејно домакинство за една годината се зголемила за 5.498 денари или 16%, Владата смета дека не траба да ги усогласи платите на работниците во јавниот сектор за 2806 денари и со тоа на солидарен принцип да им испадне во пресрет на барем малку да ги амортизираат зголемените трошоци кои ги осиромашуваат и ги оневозможуваат да го преживеат месецот.

Оваа Влада за прв пат во историјата со нејзиниот однос ги остава вработените во јавниот сектор сами да се снаоѓаат и да се справуваат со последиците од ценовните шокови, а сега одново им ветува дека доколку преживеат до нова година ќе им биде подобро од јануари.

Доколку Владата смета дека го започнала процесот за пристапни преговори со ЕУ, и укажуваме дека нејзините вработени и пред почетокот на процесот и по почетокот на процесот се еднакво сиромашни, примаат најниски плати во ЕУ и дека Владата не може да очекува дека вработените во управата кои треба да го сработат процесот, се мотивирани со просечна плата од 21.300 денари, а на 96% од нив, платата да им е под просечната плата.

Дискриминацијата која Владата ја прави кон своите вработенити е негативен пример и не е јасно по кои критериуми Владата цени вработени во одреден сектор повеќе од други, по кои критериуми утврдува за некои битни сектори без кои во пандемијата беа најмногу изложени како здравство на кои не се предвидени ниту 5% кои им беа кажувани дека ќе ги добијат од септември, полиција со 5%, обрзование 15%, за останатите вработени во јавен сектор 0% зголемување на плата.

Трудот на работниците во ЕУ се цени, во Македонија не.

Игноратскиот однос на Владата продолжува, но и Генералниот штрајк на работниците продолжува

Ја потсетуваме Владата дека не ги цени, ги дискриминира и не води грижа за своите вработени додека претставниците на локалната власт (градоначалници и директори на јавни претпријатија) веќе ги зголемуваат платите за што работниците им се благодарни..

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.