Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

31 ГОДИНА БОРБА ЗА РАБОТНИЧКИ ПРАВА СИНДИКАТ НА УПОЗ

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски во свое лично име и во името на Сојузот на синдикатите на Македонија на синдикалците, членови на Синдикатот на УПОЗ при ССМ им го честита одбележувањето на 31 година од формирањето на УПОЗ.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски ја изразува својата синдикална солидарност со членовите на Синдикатот на УПОЗ и порачува дека како што тоа беше случај во изминатиот период, така и во иднина, здружени со иста цел, заедно сме исправени пред предизвиците за заштита и унапредување на работничките права.

Од Републичкиот одбор на управата, правосудството и финансиските организации како дел од Сојузот на синдикатите на Македонија во 1991 година, пред 31 година е формиран Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р.Македонија (УПОЗ).

Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ е рамноправен член на ССМ (Сојузот на Синдикати на Македонија), Меѓународната синдикална организација на синдикатите од јавните служби PSI – Publicservies international и на Европската синдикална организација на јавните служби EPSU.

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија чиј скратен назив е Синдикат на УПОЗ е препознатливо име во јавноста заради активностите и остварените резултати во изминатиот период особено по организираните штрајкови во правосудните органи за зголемување на платите во 1997 и 2000/2001 година, како генералниот штрајк на вработените од јавниот сектор во 2002 година, а неодамна од 7 до 8 април 2022 година органираше прекин на работниот процес и од 22 јуни активно учествува во генералниот штрајк во јавен сектор организиран од ССМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.