- Македонски
- English

Од 12 до 14 септември, повеќе од 700 членови на Македонскиот полициски синдикат, Синдикатот на работниците од сообраќај и врски на Република Македонија и АГРО Синдикатот активно учествуваа на Синдикалните игри и средби организирани од овие синдикати.
Синдикалните игри и средби, кои претставуваат значајна традиција во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија, се важна форма на здружување и поврзување на работниците.


Овие активности овозможуваат рекреација, спорт и дружење, но и ја зајакнуваат солидарноста, колективниот дух и чувството на припадност кон синдикалното движење.
Преку нив, членовите имаат можност да разменат искуства, да воспостават нови контакти и пријателства надвор од работното место и да разменат искуства со што дополнително се зацврстува улогата на синдикатите во заштитата и унапредувањето на работничките права.
На Синдикалните игри и средби свое обраќање имаа претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, Претседателот на МПС Зоран Кузмановски, Претседателот на АГРО Синдикат Игор Китаноски и Претседателот на СРСВМ Миќо Стојановски.




