Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

77 ГОДИНИ СОЈУЗ НА СИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Првиот Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија со тогашен назив Единствени синдикати на работниците и намештниците на Македонија се одржал на 18-21 август 1946 година во градскиот парк во Скопје, Македонија, во време кога работничката класа водела успешна борба за обнова на од војна опустошената земја.

Првиот слободен синдикален Конгрес на работниците во Македонија, покрај своето мобилизациско значење, значително допринел и за понатамошното организациско зацврстување и оспособување на синдикатите за изградба на земјата.

Периодот од првиот Конгрес на ССМ па наваму има големо значење за работничката класа, а ССМ како класна работничка организација ја опфаќал скоро целата работничка класа во Македонија.

Од основањето, Сојузот на синдикатите на Македонија имал 20 Претседатели, а актуелен претседател е Слободан Трендафилов.

ССМ функционира како најстар, репрезентативен синдикат и социјален партнер во државата и приоритетно се залага за активности и мерки кои ќе придонесат за заживување и развој на економијата како база за целокупен напредок на општеството, а приоритет се правата, интересите и потребите на работниците.

Денес, Сојузот на синдикатите на Македонија е единствен репрезентативен синдикат и потписник на Општите колективни договори во јавниот и во приватниот сектор.

Во годината кога одбележува 77 години од постоењето со напорна работа и континуирани активности, ССМ ја задржа својата позиција на репрезентативен синдикат и национален социјален партнер, воедно ССМ и понатаму е најбројниот синдикат во државата кој сите го препознаваат.

Со гордост денес, ССМ е најзначаен дел од синдикалната историја, а активноста на ССМ континуирано продолжува да биде обележје на синдикализмот во државата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.