Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

80 ГОДИНИ СОЈУЗ НА СИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА - ССМ

80 години Сојузот на синдикатите на Македонија - ССМ е организација во која доброволно и врз демократска основа се здружуваат синдикатите.

ССМ ги обединува и ги застапува заедничките општествени, економски, социјални и културни интереси на здружените синдикати и нивните членови.

ССМ е самостоен и независен од државните органи, работодавачите, политичките партии, верските заедници и другите организации.

Во ССМ се здружуваат следниве синдикати:

Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат);

Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство,  занаетчиството и заштитните друштва на РМ  (СУТКОЗ);

Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП);

Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на  РМ (УПОЗ);

Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ;

Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ);

Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР);

Синдикатот на Медиумски информативни агенции (СМИА);

Синдикат на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ);

Синдикат на хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ);

Македонски полициски синдикат (МПС);

Синдикат на поштенските и телекомуникациските работници на Македонија (СПТРМ);

Синдикат на работниците од трговија на РМ (СРТ);

Синдикат за слободно дејствување на Македонија

Синдикат на финансиските дејности на Македонија (СФДМ);

Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ)

Независен синдикат за образование и наука (НСОН)

Синдикат на Поштенски и Телекомуникациски оператори на Македонија (СПТОМ)

ССМ не само што се борел за работничките права, туку ги претворил тие права во конкретни обврски, а преку колективното преговарање, синдикатот обезбедувал и обезбедува конкретна заштита за работниците.

Синдикатите кои се дел од ССМ преку гранските колективни договори и колективните договори на ниво на работодавач утврдиле права за повеќе од 300.000 работници.

ССМ е потписник на двата општи колективни договори – за јавниот сектор и за приватниот сектор од областа на стопанството – со кои се утврдуваат права и заштита за сите 530.000 работници во приватниот и јавниот сектор.

Зад бројката 530.000 не стои само статистика, стојат 530.000 животи, 530.000 семејства, 530.000 луѓе кои секој ден стануваат наутро, одат на работа, создаваат, произведуваат, градат, лекуваат, не чуваат, учат, управуваат, услужуваат, ја граделе и ја движат оваа држава.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.