- Македонски
- English

Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат и национален социјален партнер во државата беше иницијатор и најголем поддржувач на законските измени со кои денот недела е уреден како неработен ден за најголемиот број на вработени во државата и затоа нагласуваме дека недела конечно е ден на неделен одмор и е реалност колку и тоа на одредени работодавачи да не им се допаѓа.
За да се оствари ова право, нашите колешки и колеги синдикалци од ССМ, работници, покрај учество со свои предлози, барања и преговарања, излегоа на голем работнички протест по кој Собранието ги усвои потребните закони, Закон за дополнување на Законот за работните односи Сл.Весник бр.288 од 21 декември 2021 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговијата Сл.Весник бр.295 од 27 декември 2021 година.
Законските решенија можат да бидат и подобри и како синдикат напорно работиме на нивно подобрување во насока на поголема заштита на работниците, но истите се многу чекори напред од времето кога немаше никакви ограничувања за денот на неделен одмор и кога сите работеа во недела!
Стопанска комора на Северна Македонија иако јавно вети, ја излажа Влада на Република Северна Македонија и не ја повлече иницијативата за недела неработен ден поднесена пред Уставен суд на Република Северна Македонија .
Уставниот суд, ги потврди заложбите на ССМ за недела да остане неработен ден освен за дејностите од исклучоците и изготвен беше Реферат на овој предмет кој беше да не се поведе постапка, што значи законот да остане во правниот поредок и недела да остане неработен ден освен во дејностите од исклучоците.
Покрај работодавачите што е разбирливо, против работниците да одмараат во недела беа и сѐ уште се таканаречени борци за работнички права и не репрезентативни синдикати кои прават се ова право да се укине, а работниците да работат и во недела, што нема да дозволиме да се случи!