Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Активности по повод кампањата за безбедност и здравје при работа

26.06.2014

26.06.2014-foto1Слика 1: Претседателот Митревски со членови на СШДЕ и вработени во подружница Караџица, „Македонски Шуми“- Скопје

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, во рамките на кампањата за БЗР реализираше работна посета на 26 јуни 2014 година во сечиштето во близина на Китка, подружница Караџица, која функционира во склоп на „Македонски Шуми“- Скопје.

На средбата покрај претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, присуствуваа членот на претседателството на СШДЕ, Ирфан Исаку, претседателот на СО Енвер Јашаровски и група вработени, каде се разговараше за условите во кои се одвива производството и безбедносните услови на терен. Истовремено вработените беа информирани за активностите на СШДЕ и на ССМ околу измените и дополнувањата на Законот за безбедност и здравје при работа.

Општиот заклучок е дека социјалните партнери максимално треба да се ангажираат при реализацијата на безбедносните мерки во процесот на производството.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.