Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

АЛАРМ ОД ССМ

АЛАРМ ОД ССМ: Загрозено е печатењето на учебниците и на Службен весник, вработените во Печатница два месеца се без плати

Вработените во Печатница Напредок принт и Напредок 1 кои преку Просветно дело се ангажирани за издавање на дел од учебниците за средно образование за државните институции и кои што подолг временски период го печатат Службен весник веќе 2 месеци немаат добиено плата од страна на работодавачот ( управителот ) со што се загрозува навременото печатење на учебниците како и на Службениот весник со што покрај тоа што се нанесува штета кон вработените со неисплаќањето на платите, ќе се нанесе штета и на образовниот процес како и на редовната објава на сите службени акти во Службениот весник.

Работниците веќе со години немаат навремено здравствено осигурување, а 80% од нив се над 50 години старост и лекувањата ги плаќаат на приватно.

Управителот на Печатниците, иако наплаќа државни пари, пари од граѓаните и од даноците, не исплаќа редовно плата ниту пак здравствено осигурување кон вработените, а што во изминатиот период по пријави на ССМ е констатирано брзо и ефикасно и од страна на Државниот инспекторат за труд.

Државните институции веднаш да преземат мерки за да не се доведе во прашање печатење на учебниците како и на Службениот весник поради тоа што работниците се спремни да ги преземат сите чекори и преку протест и евентуален штрајк да го остварат ова егзистенцијално работничко право на плата и со тоа да си овозможат подостоинствен живот за себе и за своите семејства, а Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Синдикатот ССДМ при ССМ ќе застанат со работниците и ќе им ја дадат целосната поддршка во борбата за остварување на нивните права од работен однос.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.