- Македонски
- English
АЛАРМАНТНА СОСТОЈБА ВО ЕУРОНИКЕЛ- КАВАДАРЦИ, 800 РАБОТНИЦИ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА!
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ ) и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство( СИЕР ) се сериозно загрижени за алармантаната состоја во Еуроникел Кавадарци .
Иднината на оваа компанија е неизвесна дотолку повеќе ако се знае дека во текот на вчерашниот ден генералниот директор на компанијата издал наредба за гаснење на печките . Ваквиот потег значи дека компанијата нема да работи и дека 800 вработени ке останата без своите работни места .
Во организација на ССМ и СИЕР , работниците и денес се на предупредувачки собир пред компанијата , но информирањето и консултирањето на работниците и синдикатот од страна на раководството на компанијата е во целосен застој и спротивно на работничките права и меѓународните трудови стандарди работниците не се информирани за текот на настаните кои ќе следат во компанијата , а со тоа и нивната судбина и судбината на нивните семејства е целосно неизвесна .