- Македонски
- English
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2024 година која изнесува 61.306,00 денари е намалена за 57,00 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за месец октомври изнесува 76.624,00 денари.
Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, трговците, кога разбраа за намерата на Владата за ограничување на маржите, ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во Синдикалната минимална кошница за повеќе од 717 денари за минатиот месец септември, а во истата во делот ка храна и пијалоци во месец октомври 2024 година која изнесува 22.069,00 денари споредено со месец септември 2024 година ( 23.034,00ден) е намелана за 965,00 денари. Ова потврдува дека цените треба уште да се намалуваат, а нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика ниту пак со здравиот разум, туку има поврзаност само со алчноста која е се поизразена во Македонија.
Сметаме дека при креирањето на мерките Владата треба да го вклучи ССМ за истите до бидат подобри, имајќи во предвид дека во последната мерка 47 категории на производи од 70, беа превземени од Синдикалната минимална кошница која ја подготвува ССМ, а за кои го имаме движењето на цените во секој месец од почетокот на годината, а сметаме и дека потребни се поголеми контроли и доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.