Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

АПЕЛИРАМЕ ДА СЕ НАМАЛАТ ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ ЗА 78% СО УПОТРЕБА ЕВРОПСКО ЗНАМЕ И БЕЗ КОНСУЛТАЦИИ

АПЕЛИРАМЕ ДА СЕ НАМАЛАТ ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ ЗА 78% СО УПОТРЕБА ЕВРОПСКО ЗНАМЕ И БЕЗ КОНСУЛТАЦИИ

Апелираме до Владата, да не бара изговори за процесот со намалување на функционерските плати, туку да го примени веќе воспоставениот принцип како кога носи закони на штета на работниците и со злоупотреба на европското знаменце, без широки консултации, без дијалог и без да се грижат за Одлуките на Уставниот суд како што тоа го направија за воведување на 72 часовната работна недела или пак сега кога сакаат да ја тргнат минималната плата од Законот за административни службеници и да достави до Парламентот предлог на Законот со кој ќе ги намалат функционерските плати за 78%.

Не е потребно многу време за да се направи измената на Законот, ССМ веќе достави предлог до пратениците кои молчат 3 месеци, а истото го предлагаме и на Владата, со што во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, член 11 се менува и гласи:

„Член 11

(1)Основица за пресметување на платата започнувајќи со исплатата на платата за месец септември 2023 година е минималната плата објавена во Службен весник за претходната година објавена од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Укажуваме дека работниците живеат од плата без право на храна и превоз, а добро е што конечно функционерите како Министерот за надворешни работи разбраа дека треба да се живее од плата, но нивните плати се колку 6 минимални плати, а имаат право на службени возила, обезбедување, ручеци, трошоци и други бенифиции.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.