Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

АПЕЛИРАМЕ, СИТЕ ВЕТУВАЊА ДАДЕНИ НА РАБОТНИЦИТЕ ШТО ПОСКОРО ДА СЕ ИСПОЛНАТ

Слободан Трендафилов од ССМ во емисијата 24 анализа истакна дека Сојузот 10 години наназад предлага измени на законските решенија со кои ќе се овозможи пензионирање на македонските работници и конечно оваа влада ги прифгатила предлозите, но имаат забелешки на начинот на кој тоа се случува.

Иако беше јасно и јавно кажано дека предлозите на ССМ се прифаќаат за воведување на повеќе услови за пензионирање, ситуацијата како што можеме да слушнеме и да видиме не е таква.

Нашиот предлог за докуп на стажот и овозможување на македонскиот работник достоинствено да се пензионира како еден од моделите кои ние ги предлагавме, иако беше прифатен од страна на Владата, сега слушаме дека ќе се одолговлечи, но ние како претставници на работниците апелираме сите ветувања дадени на работниците што поскоро да се исполнат.

Барањата на ССМ за предвремено пензионирање беа со цел младите да останат во Македонија, да се ослободат работни места и истите да се пополнат со млади'' - Слободан Трендафилов од ССМ

Потсетуваме на нашите предлози:

  • Старосна пензија - по работен стаж со 35 години работен стаж - жена - без оглед на годините на возраст и 40 години работен стаж - маж - без оглед на годините на возраст
  • Старосна пензија - по возраст или работен стаж - по дејности
  • Предвремена старосна пензија по возраст од 60 години, со минимум работен стаж од 15 години.
  • Општ услов за пензионирање и тој да се остварува на 60 години возраст.
  • Неполна старосна пензија по возраст
  • Да се овозможи на работниците сами да го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување
  • Воведување на бенефициран стаж за градежните работници како и во други дејности
Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.