- Македонски
- English
Деновиве слушаме дека за Министерството за труд и социјална политика се водат "битки" со одредени коалициони партнери во владеачкото мнозинство.
Сојузот на синдикатите на Македонија најодговорно тврди дека ресорот труд и социјала треба да го води човек кој знае како да ги реши проблемите на работниците - важна е компетенцијата, а исто така важно е да ги познава процесите кои се водат за донесување на нов Закон за работните односи, нов Закон за безбедност и здравје при работа, нов Закон за мобинг и сл., за да не се случи овие процеси кои се водат веќе и по 3 години да започнат одново и да траат премногу долго, а на штета на работниците !
На мандатарот за нова Влада му укажуваме дека доколку се избере таков човек, ние синдикатите ќе знаеме дека оваа Влада (и сите нови влади што следат) им мислат добро на работниците!
Потсетуваме дека во изминатиот период равотодавачите имаа министер во Владите од своите редови преку коморите, па редно време е работниците да добијат министер, синдикалец од нивните редови.