Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

БАРАЊЕ ДО РАБОТОДАВАЧИ ВО АГРОИНДУСТРИСКИОТ КОМПЛЕКС

БАРАЊЕ ДО РАБОТОДАВАЧИ ВО АГРОИНДУСТРИСКИОТ КОМПЛЕКС

Минималната бруто плата во државата во моментов изнесува 33.352,00 денари (Сл.Весник бр. 68/2024).

Минималната основна нето плата изнесува 22.567,00 денари, согласно Законот за минимална плата, каде во член 2 јасно стои дека “Минимална плата е најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време”.

Во член 106 од Законот за работни односи е дефинирана основната плата, на која потоа се додаваат сите соодветни додатоци, набројани во истиот член (додатоците не се дел од основната плата, односно на неа се додаваат).

Согласно член 16 од Општиот Колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, основната плата се утврдува така што коефициентот на сложеност на работното место на кое работникот работи според договорот за вработување се множи со пресметковната вредност за единица коефициент. Исто така, согласно член 17, став 4 од ОКД, “Пресметковната вредност за единица коефициент за најниска група на сложеност ќе се усогласува со кумулативното движење на трошоците на живот во однос на декември од претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика со важност на почетокот на периодот.”

Во моментов, единица коефициент е најмалку 22.567,00 денари основна нето плата и согласно ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството, кој е задолжителен за сите работодавачи од јавниот сектор, потребно е усогласување на сите плати на работниците, согласно нивните коефициенти на сложеност утврдени со нивните договори за вработување и другите додатоци, а не само на минималните плати во компаниите.

Бараме од сите работодавачи да ги усогласат сите плати на работниците, согласно Закон и Колективни договори заклучно со мартовската плата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.