- Македонски
- English
БAРАЊЕ ЗА ПОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ ОДГОВОРНОСТ НА СУДИЈА
Со носењето на Пресуда за одземање /конфискација на Работничкиот дом, Наќе, Шпенд и Исамедин кои не заслужуваат да се нарекуваат судии, намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка која има тешки последици поради што и истите не е достојни за натамошно вршење на судиската функција.
Оттука, Подносителот / Сојузот на синдикатите на Македонија во име на правната држава, каква што Македонија се декларира дека е, бара овие судии да бидат разрешени од вршење на судиската функција во постапка спроведена согласно закон.
Наведените судии на прво место ja злоупотребиле, односно искористиле поставеноста на Врховниот суд во судската хиерархија, и тоа дека се работи за последна судска инстанца во рамки на редовното судство против чија што одлука не постои ефикасно правно средство во домашниот поредок за спротивно на процесните правила определени со закон.
Таквата мериторна одлука со која спротивно на највисокиот правен акт Уставот, законите но и Протоколот бр. 1 кон Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи ратификуван со посебен закон од страна на Собранието на Р. Северна Македонија се одзема или подобро наведено грабнува правото на сопственост од Подносителот на ова Барање во однос на Работничкиот Дом, односно неговото седиште во центарот на Скопје.
Овие тројца судии на прво место ја злоупотребиле, односно искористиле поставеноста на Врховниот суд во правосудниот систем за да донесат пресуда со тешки последици по тужениот, а против која истиот нема да има на располагање ефикасно правно средство во домашниот правен ред.
Заради нестручно и несовесно вршење на судиската функција, бараме Судскиот совет да донесе Одлука разрешување на наведениот судија од вршење на судиската функција за овие тројца судии !