- Македонски
- English
За поддршка на повредената колешка член на Синдикатот на УПОЗ, денеска излегоа социјалните работници од Прилеп, Велес, Куманово, Тетово, Неготино, Кавадарци, Кичево и Гостивар. Тие истакнаа дека нивната работа е клучна за општеството, но дека е неопходно да им се обезбедат подобри услови за работа. За зал, поддршката изостана само од вработените во Центарот за социјална работа Скпоје, кои се соочуваа со закани од раководители и од Министерството за социјална политика, демографија и млади.